Breaking News

НОВАТА ПЛАТФОРМА ЗА ОТВОРЕНО БАНКАРСТВО НА КИБС ДОСТАПНА ЗА СИТЕ БАНКИ И ФИНТЕК-КОМПАНИИ ВО ДРЖАВАТА


Отсега, финтек-компаниите и банките ќе може да понудат нови услуги користејќи ја платформата за отворено банкарство на КИБС.


Новолансираната платформа за отворено банкарство на КИБС овозможува вмрежување на финтек-компаниите и банките, а тоа ќе донесе голем број придобивки за сите крајни корисници, односно за компаниите и за граѓаните. Преку оваа платформа, финтек-компаниите ќе имаат можност на корисниците да им понудат дигитални решенија за пристап до банкарските услуги: иницирање плаќања и информации за сметки.


Отвореното банкарство е новитет во платежниот сектор предвиден со Законот за платежни услуги и платни системи, кој е усогласен со постојната регулатива на ЕУ и нуди низа придобивки. Меѓу најважните придобивки од спроведувањето на отвореното банкарство е зголемената понуда на разновидни и современи дигитални решенија за пристап на корисниците до банкарските услуги, со тренд новата дигитална технологија да пристапува и до останатите финансиски услуги. Користењето, пак, на оваа финансиска технологија води до друга важна придобивка – зголемување на безготовинските плаќања.

Како пионери на ова поле, Комерцијална Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје се првите


банки во земјава кои заедно со КИБС го започнаа патот за трансформација кон новата платежна

инфраструктура во земјата и истите се дел од платформата за отворено банкарство на КИБС.


Нивните развојни портали се достапни на https://ob.kb.mk/, односно на https://ob.stb.kibs.mk/.

Платформата за отворено банкарство на КИБС е отворена за пристапување за останатите банки во државата и за сите заинтересирани финтек-компании, кои преку неа може да развиваат свои решенија за отворено банкарство и да го тестираат поврзувањето со системите на банките.