Breaking News

Нов продукт на Иуте со најповолни услови и најниска рата на пазарот


Со најдобрата понуда досега за кеш кредит од Иуте, корисниците ќе плаќаат најниска рата на пазарот, користејќи ги придобивките на MyIute апликацијата. На пример за износ од 30.000 денари на 12 месеци, месечната рата ќе изнесува 2.926 денари и корисникот ќе врати 35.093 денари, што претставува убедливо најповолна понуда на пазарот.


„Во периодот на зголемени трошоци за време на новогодишните празници, компанијата Иуте Македонија, дел од водечката финтек групација во Европа со седиште во Естонија, подготви специјална понуда за своите клиенти. Отсега, сите нови клиенти што ќе аплицираат преку апликацијата MyIute, може да го добијат посакуваниот паричен износ на 3, 6 и 12 рати, а за лојалните клиенти изборот е до 48 рати. “ – велат од Иуте.


Целиот процес од аплицирање до одобрување е преку MyIute, без чекање за одобрување, исплата веднаш и користење на напреден систем за електронска идентификација, како алатка за зголемена безбденост.

Апликацијата MyIute претставува единствено и сеопфатно решение за сите услуги и производи што ги нуди Иуте, каде клиентите на едно место може да аплицираат за кредит, да аплицираат за паричен лимит, да направат верификација на идентитетот преку GetID, да скенираат QR код во партнерската мрежа, дигитално да го потпишат договорот за кредит и придружната документација, како и да имаат целосен увид во сите свои кредити и нивните детали (месечна рата, датум на доспевање, преостанат долг, преостанат паричен лимит итн.).


MyIute апликацијата е меѓу трите најкористени апликации во Македонија со над 120.000 преземања на Google Play и App Store и се наоѓа на врвот на најупотребувани бесплатни апликации за финансии во нашата земја.

Уживајте безгрижно во магијата на празничните мигови.


Брзо, најповолно, безбедно и сигурно со MyIute.