Breaking News

НЛБ Банка станува членка на WOBА – регионална невладина иницијатива за родова еднаквост на раководни позиции


НЛБ Банка, во светло на одбележување на Меѓународниот ден на жената, со задоволство објавува дека станува членка на Women On Boards Adria (WOBA), регионална невладина и непрофитна асоцијација за промоција на родовата еднаквост на високо-раководни позиции. Фокусирана на регионот Адриа, WOBA работи со бизниси, влади и меѓународни институции со цел да придонесе кон зголемување на застапеноста на жените во одборите и на извршните позиции, исполнувајќи ги барањата на ЕУ кои произлегуваат од Европската директива за жени во извршни одбори.


„Членството е дел од континуираните заложби и посветеноста на нашата Банка за родова еднаквост на сите нивоа и области во деловното работење, градење на свест и култура на почитување на вредностите и компетенциите независно од родот, и повисоки работни позиции за жените, засновани на квалитет. Со членството во WOBA, одиме чекор повеќе кон јакнење на жената во корпоративниот свет, охрабрување и респект кон женскиот бизнис потенцијал, препознавајќи ја вредноста на ова партнерство во контекст на интеграција на ESG критериумите и корпоративната одржливост.“ – потенцира Бранко Грегановиќ, Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје и иден амабасадор на WOBA.