Breaking News

Николовски: Зголемени се површините под жито и сончоглед, нема грижа во делот на обезбеденоста со жито и храна


Зголемени се површините под житни култури и тоа благодарение на поддршката, што лани им ја дадовме на земјоделците, посочи денеска од Штип, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.


Со новиот модел на субвенционирање на сончогледот направен е напредок, нагласи Николовски и наведе дека за само неколку месеци има дуплирано производство на сончоглед, како и зголемени површини и приноси.


Миа фотоМиа фото
– Вклучително и зголемени површини што се под пченица од неколку илјади хектари, а кај јачменот има драстично зголемен извоз. Јас кога зборувам пред граѓаните и пред земјоделците зборувам во очи, со факти и со аргументи, рече Николовски.

Забележа дека нема грижа во делот на обезбеденоста со житните култури и со храна благодарение на мерките кои се превземени од страна на Владата.


-За четирипати е намален увозот на сончоглед во оваа година и со тоа треба да се гордееме, значи за четири пати е намален увозот. Токму затоа немаме криза во делот на производството на маслото за јадење, подвлече Николовски.

Иако се зголемени површините под житните култури, еден дел од нив се увезува поради тоа што пченицата го нема тој квалитет, но, како што вели Николовски, радува тоа што расте домашното производство, земјоделците се задоволни од високите откупни цени и тоа говори за помалата увозна зависност на нашата држава.


Жито

Според министерот Николовски, ако лани имало 70.000 хектари, годинава се очекува да бидат над 78.000 хектари под житни култури, но конкретните бројки ќе се знаат на почетокот на жетвата.


Жито 1

Прашан за барањето на оризопроизводителите да се формира производната цена пред сеидбата, Николовски истакна дека минатата недела имал средба со нив, воедно зголемени се и за 300 посто субвенциите за оваа култура од 2018 година, а за оваа година ќе се направи производната цена за оризот. Во моментов оризовата арпа се откупува од 36 до 40 денари за килограм. вдј/цр

Фото: МИА

Штип, 19 април 2023 (МИА)