Breaking News

Николовски: најдобрите вина од Северна Македонија на „ВинИтали“


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил објави дека се е подготвено за претставување на нашето македонско вино на еден од најпрестижните саеми за вино „ВинИтали“.


-Меѓу 4 900 изложувачи, неколку стотици професионални купувачи и десетици илјади љубители на виното, на штандот „Wine vision by Open Balkan” ќе ги видиме најдобрите вина од Северна Македонија, Србија и Албанија. Со премиерот Ковачевски ја имаме честа да бидеме домаќини на нашиот штанд, на еден од најатрактивните саемски настани во Европа, наведува министерот.


На Саемот во Верона учествуваат 14 македонски винарии.

Николовски е дел од делегацијата што ја предводи премиерот Димитар Ковачевски во Верона, на 55. меѓународен Саем на вино и алкохолни пијалоци „ВинИтали“. мч/