Breaking News

Несторовска ја отвори Втората регионална тематска мултидисциплинарна работилница „Ставање крај на неказнивоста на трговците со луѓе и поддршка на правда за жртвите на трговија со луѓе во ЈИЕ“


Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе, Магдалена Несторовска денеска присуствуваше и со обраќање ја отвори Втората регионална мултидисциплинарна тематска работилница „Ставање крај на неказнивоста на трговците со луѓе и поддршка на правда за жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа“.


Работилницата во Скопје се реализира во периодот од 31 јануари до 2 февруари 2023 година во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Владата на Република Северна Македонија.


Како што информира МВР, тридневната регионална тематска мултидисциплинарна работилница ќе обедини група практичари од сите земји-учеснички на проектот и тоа од :Албанија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, под стручно раководство на ментори од Белгија и Франција, како и преку тематски придонес од регионални експерти, учесниците ќе имаат можност да разговараат за нормативните, практичните и политичките аспекти за успешно справување со случаите на трговија со луѓе. сст/дма/