Breaking News

Неготино преку форуми со граѓаните ќе одлучува за приоритетите во општината


Неготинската локална самоуправа преку форуми со граѓаните ќе одлучува за приоритетите во општината, информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. Тој соопшти дека на форумските сесии можат да присуствуваат, дебатираат и да даваат сопствени предлози сите заинтересирани граѓани.


– Имено, локалната самоуправа Неготино во соработка со УНДП MK и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, почнува со реализација на Форуми на заедницата. Програмата „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ ја финансираат Амбасадата на Швајцарија, Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери, појасни градоначалникот.


Тој ги покани граѓаните на општината Неготино да присуствуваат и учествуваат на проектните форуми во заедницата, каде со свои идеи и предлози самите ќе може да одлучат кои се приоритетните потреби за подобрување на квалитетот на живот.

Во среда ќе се одржи втората форумска сесија. свд/хс/