Неделен извештај на ЈП ПОЦ: Санкционирани 193 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар.


Во текот на минатата недела биле санкционирани 193 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар.


Од ЈП Паркинзи на Општина Центар известуваат дека заедно со Општина Центар и во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционирале 193 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.


– Во периодот од 3 до 9 април, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 109 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 84 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП ПОЦ.

Оттаму посочуваат дека и наредниот период ќе продолжат со отстранување на непрописно паркираните возила.


– За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, велат од ЈП ПОЦ. ир/цр

Фото: ЈП ПОЦ


Скопје, 10 април 2023 (МИА)