Breaking News

Навремено спречен пожарот во трговскиот центар Ист Гејт


Во врска со информацијата за пожар кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол околу 18 часот, техничките служби на трговскиот центар заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот кај едно возило во гаражата и навремено го спречија неговото ширење.


Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани. Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета материјална штета.


По увидот на надлежните служби, трговскиот центар продолжи да работи со редовно работно време до 22 часот.