Breaking News

Наставниците –приправници и вршителите на должност директори на штипските основни и средни училишта побараа ДИЦ да им овозможи полагање на стручни испити


Вршители на должност директори на основни и средни училишта и наставници приправници денеска на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип го искажаа револтот, бидејќи повеќе од една година не им е овозможено да полгаат менаџерски и стручен испит. Јованка Шалева вршител на должност директор на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип на прес-конференцијата истакна дека голготата ја поминуваат повеќе од една година, бидејќи Државниот испитен центар ги развлекоувал роковите за обуките, полагање на испитите. Успешно го завршиле полагањето на трите испити, но за обрана на завршниот семинарски труд не добиле термин.


-Според решението по кое Државниот испитен центар постапил и ја поништил сесијата беше предвидено и бевме известени дека сесијата ќе биде повторена, дека ние веднаш ќе добиеме нови завршни трудови и целата постапка ќе биде завршена во рок од еден месец. Повторувам дека се ова се слушуваше на почетокот на декември, сега е средина на февруари, а ние се уште чекаме. Веќе не знаеме што?! Во нашите училишта имаме и наставници-приправници, кои успешно го имаат завршено приправничкиот стаж и веќе подолго време чекаат термин за полагање на стручен испит, вели Шалева.


Таа посочи дека на ниво на држава станува збор за 111 кандидати за директори и над 600 наставници приправници.

-Вакво нешто се случува за првпат. До сега, без оглед на политичката структура, без разлика која ја има локалната и централната власт, никому не му било скратено правото за професионален и личен развој, стекнување на сертификат за директор или полагње на стручен испит, додаде Шалева.


Забележа дека разумот и правата мораат да се вратат, а институциите на системот се тие кои први треба да ги почитуваат законите, според највисокиот правен акт, Уставот. вдј/

Штип, 16 февруари 2023 (МИА)