Breaking News

Најсреќните љубители на кафе добија можност да ја посетат фабриката на Гранд во Скопје


Големиот Гранд караван оваа година заврши со уникатно искуство за сите љубители на кафето – посета на фабриката на Гранд кафе во Скопје. Неколку од најсреќните фанови на Гранд добија можност да видат каде и како се произведува нивното омилено кафе, да прошетаат низ фабриката и да дознаат нешто повеќе за мирисот и вкусот кој го сакаат со години.


Посетата на фабриката на Гранд кафе во Скопје се одржа на 22 јуни. Посетителите се најсреќните неколку љубители на Гранд кафе кои беа избрани преку Гранд караванот и преку Facebook профилот на Grand кафе.


Караванот на Гранд оваа година помина три локации во главниот град. Најпрво беше поставен пред Капитол Мол на 3 јуни, за потоа да продолжи пред Ист Гејт Мол на 10 јуни и да заврши пред Сити Мол на 17 јуни. Како дел од караванот, присутните имаа можност да уживаат во опојната арома на Гранд кафе, да учествуваат во забавни игри и да освојуваат награди – една од кои е и шансата за учество во Гранд турата.

Како дел од Гранд караванот, посетителите добија можност и да се дружат со некои од најпопуларните имиња од актерскиот свет, како Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски (попознати како Тино и Атанас) и Дритон Вејсели, но и со култниот Марко Новески. Тино, Атанас и Марко се појавуваат и во новата видео реклама од кампањата на Гранд под името „И домашен мирис и домашен вкус“


 


Претходно, фабриката на Гранд ја посетија и претставници на македонските медиуми, кои имаа можност да се запознаат подобро со портфолиото на Гранд кафе и да го проследат производниот процес одблизу.

Гранд кафе веќе со години е омилениот мирис и вкус на Македонија и традиционално претставува најпрепознатливиот бренд на кафе во нашата земја. Направено во Македонија од најквалитетните состојки, Гранд кафе е домашен производ на кој можете да се потпрете секогаш кога ви е потребен мирис и вкус на вистинско свежно мелено кафе, која наутро ќе ве освежи, а попладне ќе ви ја даде енергијата која ви е толку потребна во зафатениот ден кој следува.


Комшии, може кафенце?