Breaking News

Најмалку 33 војници загинаа во напад во Буркина Фасо


Во вчерашниот напад во источна Буркина Фасо загинаа 33 војници, а 12 беа ранети, соопшти владата предводена од војската, што е последниот бран на насилство во земјата која се бори против бунтот на џихадистите.


Нападот извршен вчера изутрина беше насочен кон воен одред во градот Угару во источна Буркина Фасо, а армијата соопшти дека опколените војници убиле најмалку 40 „терористи“.


Буркина Фасо е една од неколкуте западноафрикански земји кои се борат со насилниот исламистички бунт што се прошири од соседно Мали во изминатата деценија, што доведе до илјадници загинати и раселени повеќе од два милиони луѓе.

Насилството во земјата се зголеми во последниве месеци додека властите се борат да ја вратат контролата на теренот, додека вооружените сили исто така беа обвинети за неселективно убивање цивили за време на мисии против бунтовниците. ссм/


фото: МИА архива