Breaking News

На Владимир Здравев му е одреден 30 дневен притвор


На поранешниот преседавач на Советот на Општина Центар Владимир Здравев му е одреден 30-дневен притвор. Тој е дел од осомничените во истрагата „Феникс“ која денеска ја објави Обвинителството за организиран криминал.


Притвор му е одреден на уште еден осомничен, а еден ќе оди во куќен притвор.


Во Кривичен суд се очекува да бидат спроведени уште неколку од осомничените. Меѓу нив е и поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на синџирот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ. За него се уште нема одлука.