Breaking News

На МБУ се одржа предавање на д-р Муктедар Кан, универзитетски профеор од САД


Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје беше домаќин на еден од највлијателните американски академици во областа на компаративната политика, меѓународните односи и политичката теорија, проф. д-р Муктедар Кан од Универзитетот во Делавер, кој одржа предавање на тема „Хегемонијата на САД и глобалниот поредок поддржан од САД, предизвик како никогаш досега“.


„САД носат многу идеи за човековата состојба, кои се наметнуваат и на политиката. САД се како империјална сила која не владее со директни контакти, туку влијае на светот преку мултилатерални институции. Тоа се мултилатерални институции кои се дел од глобалните влади, без разлика дали тоа е Советот за безбедност на ОН, Обединетите нации, Светската банка, ММФ, итн“, рече меѓу другото Кан во своето предавање.


Предавањето предизвика огромен интерес кај академскиот кадар на MБУ и студенти кои во голем број се вклучија во предавањето и дискусијата со професорот од САД кој активно работи како експерт во неколку полиња и тоа на истражувања со фокус на исламот и глобалните работи, надворешната политика на САД во муслиманскиот свет, националната безбедност и борбата против тероризмот, а во исто време ги проучува и доброто владеење, паметните градови, технологијата, иновациите и демократијата.
Д-р Кан, исто така, служи како академски директор на Институтот за надворешна политика на САД (SUSI US FP) на Стејт департментот – една од најпрестижните светски програми за академска размена во која оваа година учествуваше FLAW Asst. Лепосава Огњаноска Ставровска.

Предавањето на д-р Муктедар Кан е уште еден настан во низата организирани академски настани од ваков тип кои значително го подобруваат меѓународното портфолио на МБУ и силните академски врски воспоставени низ целиот свет.