Breaking News

На електронските адреси кај 14 професори стигнала дојава за бомба во скопско средно училиште


На приватни електронски адреси на 14 професори попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиште, информираат за МИА од МВР.


Веднаш по добиената пријава, додаваат, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. мс/лв/