МВР: Уапсени газдата на Тинекс, Тодоровиќ и порнешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Здравев


Министерството за внатрешни работи потврди дека се уапсени сопственикот на маркетите Тинекс и поранешен градоначалник на Општина Ценар, Владимир Тодоровиќ, кој беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Здравев, поранешен функционер на партијата, кој беше претседавач на Советот на Општина Центар.


-Вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик.


Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, велат од МВР.

Здравев пред неколку години отвори хотел во италијанскиот град Трст. Станува збор за „Солун хотел и Спа“, сличен на оној што Здравев го има и во центарот на Скопје.