Breaking News

МВР: Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот


Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба вчера во 18:30 часот во трговски центар на подрачје на Гази Баба, лишиле од слобода две малолетнички од Скопје, кои се сомничат дека извршиле кражба во продажен објект во трговскиот центар, при што одзеле повеќе предмети.


Од МВР, информираат дека кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.


Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. аа/
Фото: МИА
Скопје, 8 април 2023 (МИА)