Breaking News

mSTART Kalimera! од МТЕЛ за опуштено онлајн уживање и на плажа


Со новата припејд тарифа на МТЕЛ, mSTART Kalimera! ова лето може да уживате во сите омилени онлајн содржини опуштено и додека се релаксирате на некоја од плажите во Грција.


Новата тарифа вклучува SIM припејд картичка со вклучен 4GB интернет во роаминг со важност од 30 дена и може да се користи само во Грција.


„Како телекомуникациски оператор кој што секогаш ги има предвид желбите и потребите на своите корисници, со новата припејд тарифа сакаме да излеземе во пресрет на сите оние кои уживаат во онлајн содржини и не сакаат да пропуштат ниту момент од сите интересни случувања на социјалните медиуми, а исто толку уживаат и да споделуваат возбудливи и убави моменти од својот одмор директно од некоја од прекрасните грчки плажи. Токму поради ова, од 3 јули во продажната мрежа вклучуваме продажни локации и на граничниот премин Богородица, каде ќе може да се купи SIM-картичка со тарифата mSTART Kalimera! “, велат од МТЕЛ.

mSTART Kalimera! припејд картичките може да ги купите и во продажните салони на МТЕЛ во Скопје и Куманово, преку салоните на ексклузивните продажни партнери на МТЕЛ, како и на повеќе од 123 бензински станици на Макпетрол ширум државата.


Повеќе информации за услугите на МТЕЛ може да добиете на 15010 или на mtel.mk.