Breaking News

ММФ објави дека постигнале договор со Украина за пакет помош од 15,6 милијарди долари


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека постигнал договор со украинската влада за пакет помош во износ од 15,6 милијарди долари.


Планот треба да помогне „постепено економско закрепнување, истовремено создавајќи услови за долгорочен раст во контекст на постконфликтна обнова и на пат кон членство во Европската унија“, соопшти ММФ.


Договорот ќе биде претставен „во следните недели“ пред Управниот одбор на фондот за конечно одобрување.

И покрај тешкотии, украинската влада успеа „да ја одржи финансиската и макроекономската стабилност, особено благодарение на значајната меѓународна поддршка и спроведувањето на здрави политики“. зш/


Вашингтон, 22 март 2023 (МИА)