Млади македонски автор(к)и наградени во регионалниот избор „Штефица Цвек” за ангажирана феминистичка и квир книжевност


Добитничките и добитниците на вториот по ред регионален книжевен избор „Штефица Цвек” беа прогласени деновиве, во рамки на книжевниот фестивал „Крокодил” во Белград.


Жири-комисијата на „Штефица Цвек” ги додели признанијата на следните седум автор(к)и, набројани по азбучен ред:


● Ана Аврамовска, Водни тела (роман, Паблишер, 2022)

● Дуња Матиќ, Мировање (роман, В.Б.З., 2022)


● Маја Солар, А хтела сам (збирка поезија, Енклава, 2022)

● Оља Савичевиќ Иванчевиќ, Лијета с Маријом (роман, Фрактура, 2022)


● Селма Асотиќ, Реци Ватра (збирка поезија, Buybook, 2022)

● Стефан Алијевиќ, Вечерен автобус (збирка раскази, Или-Или, 2022)


● Желимир Периш, Грација од чемпреса (збирка раскази, OceanMore, 2022)

Првиот круг од жири-комисијата беше во состав: Ана Фазекаш, Ања Томљеновиќ, Дара Шљукиќ, Мања Величковска и Милица Улемек.

Врз основа на собраните предлози од регионалната книжевна заедница, во која учествуваа 130 писател(к)и, критичар(к)и, новинар(к)и, беа номинирани 131 книга. Од нив, во прелиминарниот избор направен од првата жири-комисија се најдоа 24 дела од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија.

Вториот круг на жири-комисијата беше составено од книжевните критичарки и бунтовни читателки Грација Атанасовска, Ивана Дражиќ и Маја Абаџија. Тие ги издвоија горенаведените седум наслови како најзаслужни да го понесат името на познатата хероина на Дубравка Угрешиќ од романот Штефица Цвек во челустите на животот. Станува збор за книжевни текстови кои на вистински бунтовен начин обработуваат феминистички и квир теми.