Breaking News

Митинг на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ на плоштадот во Скопје


Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска организира митинг со почеток во 12 часот на плоштадот „Македонија“, а по повод годишнина од почетокот на руска сеопфатна инвазија врз Украина.


Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, ќе се упатат во Жена парк, каде ќе положат цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко. ир/са/