Breaking News

Меѓународниот Балкански Универзитет одржа дружба со новинари на утрински појадок. Ја откри визијата за идна соработка.


Меѓународниот Балкански Универзитет одржа дружба со повеќе од 50 новинари на утрински појадок. На собирот беа претставени визијата и мисијата на Меѓународниот Балкански Универзитет, со што се поттикна блиска и интерактивна средина за запознавање на новинарите со универзитетот.


За време на состанокот, атмосферата беше енергична, што им овозможи на присутнинте новинари не само да научат за основните вредности и амбиции на Меѓународниот Балкански Универзитет, туку и да воспостават значајни врски, инспирирани за поблиска комуникација.


Ректорот на МБУ, проф. Д-р Лутфи Сунар, одржа остроумна презентација со којашто навлезе во тековните и најнови случувања и сратешки инвестиции коишто се одвиваат во институцијата. Покрај тоа, ректорот Сунар сподели детални информации за возбудливите проекти планирани во иднина, тој истакна посветеност на универзитетот што е стремна кон раст, развој и иновации.

Меѓународниот Балкански Универзитет, изразува искрена благодарност до ценетите новинари кои учествуваа на овој настан. МБУ планира да ги продолжи соработката и настаните кои повторно ќе ги обединат двете страни, овозможувајќи континуирана размена на идеи и песпективи.


Како институција за образование и иновации, МБУ останува посветен за градење мостови со медиумите и заедницата, создавајќи соработка за заеднички раст и успех.