Breaking News

МБУ со пригодна свеченост го одбележа 21 декември – Денот на наставата на турски јазик во Македонија


Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) со пригодна свеченост „Children’s Turkish“ го одбележа 21 декември, денот кога во 1944 година во училиштето Тефејуз се започна со настава на турски јазик, што се смета за почетокот на организирање на настава на турски јазик во Македонија. Овој ден од 2007 година е прогласен за празник за сите припадници на турската заедница во Северна Македонија.


На одбележувањето на настанот ректорот на МБУ Лутфи Сунар рече дека постоењето на турски универзитет овде во Скопје, градот познат како срцето на Балканот, е навистина извор на гордост.


„Универзитетите се тие коишто ги носат промените низ историјата. Но што е уште поважно, тие мора да бидат местата коишто ќе го креираат најдоброто и ќе бидат носители на
најдоброто за светот. Овде на нашиот универзитет создаваме средина која ги негува и почитува сите култури, студентите се запознаваат меѓусебно, запознаваат различни култури и со постоење на мултикултурна средина во нашиот кампус, млади луѓе градат меѓусебен дијалог. Нашиот Универзитет не ветува само квалификувана работна сила или подобри академски можности туку се обидуваме да понудиме перспектива како заеднички да ги решиме социјалните проблеми, да изградиме мир и да живееме заедно“, рече Сунар.

Според Реџеп Сулејман Оздил, претседател на Управниот одбор на МБУ најголемата инвестиција на Меѓународниот Балкански Универзитет отсекогаш била давање придонес за академската заедница во регионот преку едукација на вредни и успешни поединци, гледајќи кон иднината со надеж, но истовремено и почитувајќи го минатото


На одбележувањето на 21 декември свое обраќање имаше и Мустафа Шентоп, 29-тиот претседател на Големото национално собрание на Република Туркије, кој има потекло од овие краишта бидејќи неговите предци потекнуваат од Богданци каде живееле се до 1926 година. Токму затоа, како што рече пред присутните, секоја година се труди барем еднаш годишно да дојде овде бидејќи Македонија има посебно значење за него.

„Турците кои што живеат овде придонесуваат кон воспоставувањето средина за живеење во Република Северна Македонија каде луѓе со различно етничко потекло, различни јазици и различни вери живеат заедно. Би сакал да кажам дека Северна Македонија е многу важна не само за граѓаните коишто живеат овде, туку и за Балканот и Европа, како домаќин на различни заедници кои живеат заедно во мир“, истакна Шентоп.


Тој потенцираше дека Република Турција е земја која ја поддржува и застана на страната на Северна Македонија од денот на нејзиното формирање и на овој таа ќе продолжи да дава целосна поддршка и во иднина, помагајќи го не само турското население кое што живее овде, туку и пружајќи помош на сите етнички заедници коишто ја сочинуваат Северна Македонија.

„Во текот на изминатите 17 години со отворањето на Меѓународниот балкански универзитет, бевме сведоци на многу важни случувања градејќи добри односи помеѓу двете земји. Денес МБУ е еден од најдобрите универзитети во Република Северна Македонија. Ова не е доволно, постојано го кажуваме ова. Овој универзитет ќе биде најдобриот универзитет не само за Северна Македонија, туку и на Балканот, па дури и во Источна Европа. Ова е нашата цел и надеж“, заклучи Шентоп.


Меѓународниот балкански универзитет дава значителен економски, општествен и научен придонес за Северна Македонија во изминативе 15 години. Во последните години Универзитетот стана центар на научни и општествени активности, прв во образованието според Шангајските критериуми, чиј квалитет беше подобрен во областа на образованието, прв во програмите Еразмус и Еразмус +, универзитет со највисок број на запишани студенти меѓу приватните универзитети во последниве години и универзитет со напредок од 987 единици на академското рангирање.