Breaking News

Маричиќ: Заедно на работиме на најголемиот македонски проект – членство на земјата во ЕУ


Собранието треба да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено кога станува збор за ЕУ реформската агенда и заедно со Владата да работи на планирање на законодавната агенда со приоритет на реформите, но и на уставите измени коишто следуваат, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.


– Ќе се поставиме одговорно и ќе постапиме исто како и за останатите укажувања, потенцираше Маричиќ, пред пратениците за време на собраниската дебата за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2022 година.


Вицепремиерот информираше дека сме во очекување Еврокомисијата да го подготви скрининг извештајот за Кластерот 1 – фундаментални вредности, како и за Кластерот 2 – внатрешен пазар.

За Кластерот 1, што е врзано за Извештајот, како што појасни Маричиќ, треба да подготвиме три клучни реформски документи, односно три патокази и тоа за владеење на правото, за реформа во јавната администрација и за функционирање на демократските институции.


– Ние како Влада со поддршка на домашни, но и меѓународни експерти, започнавме со подготовка на методолошкиот пристап за овие патокази и секако во најскор можен рок ќе бидат подготвени матриците, односно методолошката рамка за создавање на овој план којшто ќе не обврзува за наредните 7-8 години, односно ќе ни биде реформски план во овие три области отсега, па се до нашето членство во ЕУ. Во рамките на патоказот за владеење на правото ќе треба да подготвиме и акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинските заедници и тоа е стандардно за секоја држава која што преговара во изминатиов период и по новата методологија и во последните 10 години, рече вицепремиерот.

Реформите и нивната динамика, како што нагласи тој, зависи од сите нас. – И дали ќе ги носиме законите за три месеци или за година и три месеци, исто така, ќе зависи од нас. Дали ќе ги транспонираме и ќе ги спроведуваме за три месеци или година и три месеци, исто така, зависи од нас, рече Маричиќ.


Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, по скратена постапка, е

Тој апелирајќи за поддршка до сите пратеници, рече дека усвојувањето на обврските од овие патокази коишто треба да ги реализираме и осмислиме е од исклучителна важност за тоа каква ќе биде сликата за нашата држава Северна Македонија и, дома пред нашите граѓани, но исто така и надвор од државата пред ЕУ.


– Сигурен сум дека постојат услови за сите пратеници да земат учество во создавањето на овој реформски план. Јас можам да ви најавам дека во наредните неколку недели ќе се формираат работните групи коишто ќе работат на трите акциски плана и дека ќе добиете поакана да испратите свои експерти или експерти на коишто вие им верувате за да земат активно учество во креирање на тие документи, рече Маричиќ.

Според него, најдобро за државата и за граѓаните кога се работи за европската агенда и зачленувањето во ЕУ, е да ги оставиме партиите и партиските интереси на страна и да надвладее одговорноста кон граѓаните и заеднички да бидат сработени обврските од најголемиот македонски проект – обезбедување на членство на Северна Македонија во ЕУ.

Собранието, според него, е најсоодветното место каде темата Извештај на ЕК треба постојано да биде отворена и истовремено треба да биде и главно место каде што доаѓаат пораките за следните чекори во процесот, критиките, но и поддршката за спроведувањето на реформите.

Маричиќ посочи дека земјава е на половина пат на скрининг процесот. – Со храбри, мудри и државнички одлуки Владата во вистински момент направи историски чекор после 17 години чекање пред вратите на ЕУ, рече Маричиќ.

Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се пишуваше во координација со здруженијата на новинари, Советот за етика во медиуми и останатите здруженија и се бараше најдоброто решен

Минатата година државата, како што рече, доби позитивен извештај од ЕК, прв по отворањето на преговорите со ЕУ со генерална оценка „добро ниво“ за вкупната подготвеност на земјата за 2022 година.

– Како и сите претходни, така и овој извештај на ЕК претставува објективен приказ на ситуацијата во државата и недвосмислено упатува на тоа дека имаме одржливи реформи со нотиран јасен напредок и постигнувања во истите. Сепак, во исто време конкретно ги идентификува областите каде треба уште многу да направиме и да ги зголемиме напорите за испорачување на повеќе резултати, рече вицепремиерот.

Оценките од Извештајот, вели тој, укажуваат дека во некои области сме направиле и сме постигнале многу повеќе, дури и од некои земји во регионот коишто преговараат цела деценија.

– Се уште стоиме на пример со најдобри оценки во кластерот Темелни вредности, кој е фундаментален и суштински за динамиката на целиот процес на преговори. Слична оценка на подготвеноста имаме и во кластерот Ресурси, земјоделство и кохезија, во кластерот Конкурентност и инклузивен раст и во кластерот Зелена агенда и одржлив развој Северна Македонија е многу блиску до оценките на Србија и Црна Гора. Во однос на кластерот Внатрешен пазар и надворешни односи Северна Македонија исто така е на исто ниво со овие две земји, рече Маричиќ.

Процентите покажуваат дека е задржано темпото на напредок или има подобрување во 23 од вкупно 43 области, а во останатите 20 области има ограничен или помал напредок. Од аспект на подготвеноста во околу 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност.

– Државата има стабилен континуитет и цврсто се држи на реформската агенда и се движи напред, рече Маричиќ изнесувајќи низа детали од Извештајот.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на дебатата потенцираа дека оценката во овој Извештај за напредокот во државата е 1,61, а во 2020 оценката била 2, 0 и оти „проевропската коалиција“ и земјата назадуваат.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Извештајот е на 145 страни и тоа се „исто толку критики за работата на Владата“ и „вербални шамари“ за владејачката коалиција. Тој цитираше компаративен извештај изготвен од Парламентарниот институт, во кој, според него, оценките „во годините кога ВМРО-ДПМНЕ на власт, биле повисоки од годините кога СДСМ е на власт“.

Стојановски го повтори барањето на опозициската партија да се организираат предвремени избори, па потоа да се разговара за уставни измени. Според него, на владејачкото мнозинство му недостига двоцифрена бројка на пратеници за мнозинство за уставните измени, а не толку колку што тврди.

Опозицискиот пратеник рече дека СДСМ и ДУИ не сакаат државата да влезе во ЕУ, прашувајќи како може ние да имаме реформи кога во јавни набавки оценката е единица.

– Знаете зошто сте оценети со единица? Затоа што вашиот прв вицепремиер мести тендери за надзор на проекти, затоа што нема функционер од оваа Влада којшто не е инкриминиран во криминал, затоа што самиот премиер е инкриминиран во криминал, рече Стојановски, кој изнесе и други обвинувања на сметка на членови на владејачката коалиција.

Маричиќ му реплицираше на Стојановски, велејќи дека претставници на ВМРО-ДПМНЕ во странски амбасади велат дека ќе прифатат уставни измени, само ако има избори.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека не може да се дискутира за напредок, туку само за Извештајот.

– Она што е содржано во овој документ е поразителна реалност која Маричиќ сака да ја претстави како напредок, рече Мицевски.

Маричиќ во репликите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ читаше делови од Извештајот на напредокот на земјата во 2016 година.

– Така знаете да владеете и ќе останете опозиција и во следните четири години, рече Маричиќ.

Мицевски возврати дека е „типично за СДСМ, односно за Маричиќ“ да споредува Извештај од 2016 година.

– Зборувам со аргументи и бројки. ВМРО-ДПМНЕ си ја плати казната за тоа, сега сте вие на ред да ја платите вашата, рече Мицевски.

Снежана Калевска Ванчева ја повика опозицијата и Мицевски да работат заедно на патот кон ЕУ, посочувајќи на наодите од Извештајот кои се однесуваат на работата на Собранието.

За Извештајот за напредокот во 2022 на ЕК треба да зборуваат уште дваесетина од триесет пријавени пратеници. Седницата продолжува во 15:15 часот. ев/