Breaking News

Макрон смета дека требало повеќе да ја брани пензиската реформа


Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Паризиен“ изјави дека требало повеќе да ја брани контроверзната пензиска реформа, бидејќи протестите продолжуваат и покрај нејзиното усвојување.


– Можеби е грешка што не бев доволно присутен за да покажам доследност. Морам повторно да се вклучам во јавната дебата бидејќи има работи што не се јасни, рече Макрон.


Спорна точка на реформата е пензионирањето на 64, наместо на 62 години.

Протестите против реформата почнаа во јануари, а продолжија и покрај одлуката на Уставниот совет дека законот е валиден. јт/


Фото: МИА архива

Париз, 24 април 2023 (МИА)