Breaking News

Македонците во Канада собраа 20 илјади долари за манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа


На дарителна вечер организирана од македонската црква „Света Недела“ во Канада, собрани се 20 илјади канадски долари, наменети за манастирот „Света Марена“ во село Туминец, Мала Преспа.


-На дарителната вечер, присуствуваа Македонци со потекло од Албанија и од цела Македонија. Собраните средства ќе бидат искористени за изградба на камбанарија за манастирот. Искажуваме голема благодарост до Македонците за нивната хуманост, велат од одборот на манастирот.


Селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа, кое се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Донаторска вечер за Манастир Туминец


-На езерскиот брег се наоѓа и манастирот Света великомаченица Марина, Марена – Огнена Марија каде се чуваат поголем дел од моштите на светицата и каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти. Манастирот датира од 18 век а обновен е 1926 година. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро, локација која самата по себе дава дополнителна убавина и привлечност. Лоциран на 50-тина метри од брегот, изграден како малечко манастирче од земја и кал, го преживеал режимот на комунизмот и забраните за прослави. Сега благодарение на благочестивите верници, во тек е реновирањето на манастирот, со што овој божји храм ќе го добие потребниот лик, нагласуваат од манастирот.

Додаваат дека секоја година на 30 јули, кога се слави патронот на манастирот преполно е од народ, верници доаѓаат од Мала Преспа, дијаспората, од Лерин, Охрид, Струга, Ресен, Прилеп. вт/