Breaking News

Македонските вина од сортата вранец со најмногу медали


 


На првиот меѓународен натпревар „ВРАНЕЦ СЕЛЕКЦИЈА” посветен на вината од сортата  Вранец кој се одржа од 5 до 7 декември, беа објавени и резултатите на кој Северна Македонија доби најмногу медали. Организаторот CMB” кој е скратеница за Concours Mondial de Bruxelles и кој годишно организира неколку натпревари ширум светот оценувајќи  над 10.000 вина, се одлучи да ја промовира сортата вранец како знаменосец на балканскиот полуостров.


Искусните судии ги дегустираат вината, без да го знаат брендот, на натпреварот со еден водечки принцип, а тоа е да се издвојат вина со беспрекорен квалитет, без пристрасност што произлегува од етикетата или престижот на ознаката. „CMB” е еден од најзначајните меѓународни настани од ваков вид.

Присутните беа меѓународни судии кои за оваа пригода едногласно се согласија дека создавањето на овој нов натпревар е вистински успех, а грозјето вранец го потврдува потенцијалот и уникатниот карактер на балканските вина. Северна Македонија е најзастапена земја со медали, додека виното од Црна Гора го освои признанието меѓународното откритие меѓу 94. вина кои беа дел од натпреварот.


По дегустацијата на виното спроведена од избор на меѓународни експерти, за најдобро вино на Vranec Selection by CMB 2023 е прогласено Stari Podrum Vranac 2015 од 13. jul-Plantaže, со потекло од Црна Гора.

Меѓу останатите откритија на натпреварот се: Хрватска со Grabovac Vranac Riserva 2016 од винарија Грабовац“, Северна Македонија со Соѕвездието Вранец 2020 од Имако Вино; Србија со Vranac Potrkanjski 2019 од винарија Јовиќ“, International Blend: Kamnik Cuvée de Prestige 2020 од Шато Камник“ и за Косово, Bucina Superiore 2021 се истакна со сребрен медал.


Сите резултати и истакнати вина се достапни на следниот линк