Breaking News

МАКЕДОНСКИОТ СТРИП ПРИСУТЕН ВО РАШКА, СРБИЈА


Од 24 .07 (понеделник ) до 24.07 (петок) ќе се одржи  единаесетата   по ред меѓународна стрип-колонија „Рашка”, во туристичкиот комплекс во с. Семетеш, Србија (недалеку од Рашка) Продолжувајќи ја повеќе годишната успешна соработка помеѓу Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа”, Канцеларијата за млади и центарот за култура „Градац” од Рашка, и на оваа колонија ќе биде застапена  македонската стрип-сцена. Претставнички на Македонскиот стрип центар се младите Ангела Петрушевска и Јана Бутеска,обете од Скопје . Освен нив, на оваа стрип колонија ќе присуствуваат и млади од стрип училиштата од : Ваљево, Рашка, Лесковац, Белград и Крагуевац(сите од соседна Србија).


Како што извести Томе Трајков ,програм координатор  Стрип центарот редовно делегира учесници од 2015 г.  (Освен во годините кадешто беше присутна короната.)


Во Рашка се организираат предавања, промоции и слично од поканетите специјални учесници. Она што е заедничко за обете колонии е ангажирањето на реномираниот стрип автор и педагог од Белград, Влада Весовиќ.

На крај , Томе Трајков нагласува дека соработката и дружбата помеѓу македонската и рашката стрип-сцена ќе  продолжат кон крајот на месец август , на 20 Мегународен стрип салон и 5  Меѓународна стрип-колонија во Велес. За оваа активност, во овој момент може само да се најават  гости од повеќе држави, за што македонската и воопшто стриповска јавност ќе биде информирана.