Breaking News

Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година


Македонски Телеком ja затвори 2023 година со извонредни резултати, испорачувајќи конзистентен раст во текот на целата година. Ова е резултат на успешното работење, фокусот на модернизација и ширење на мрежата и пионерството во воведувањето нови технологии со цел најдобро корисничко искуство.


Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 10,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 38,7 проценти. Приходите од продажбата се зголемени за 1,2 проценти и кај нив се бележи раст на приходите од основниот бизнис од 4,3 проценти во мобилниот сегмент и 3,5 проценти во фиксниот сегмент.


„Останавме доследни на целта да овозможиме супериорна услуга и корисничко искуство градејќи ја најдобрата мрежа. Ја завршуваме 2023 година со извонреден раст на којшто посветено и тимски работевме во текот на целата година. Продолжуваме со силен фокус на развојот на мрежата и воведување на најновите технологии, што ќе овозможи целосна поврзаност и еднакво учество во дигиталниот свет. Остануваме посветени да обезбедиме  врвно корисничко искуство и  одржлива иднина за сите. “ – истакна Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.