Breaking News

Македонија2025: Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија2025


 


Денеска, на 19 јули 2023 година, започна третото издание на Охрид кампот за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи од 19 до 25 јули 2023 година во Охрид.


Оваа година ќе овозможиме на 25 млади луѓе (од 11-15 години) од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и од Македонија, да го подобрат на дигиталното владеење на преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика (вештини за висока технологија) и поттикнување на нивниот интерес за продолжување на СТЕМ образованието и кариерата. Дополнително ќе работиме на негување чувство на одговорност и зајакнување на младите луѓе да преземат акција кон одржлив развој преку промовирање на употребата на технологијата и усвојување на практики за одржлива енергија; подобрување на нивото на свест и разбирање за важноста на сајбер безбедноста за децата и, можеби најважно, ќе помогнеме во зајакнувањето на врската помеѓу младите Македонци од нашата земја и младите од дијаспората, и нивната земја на потекло, поттикнувајќи ги меѓукултурните размени и чувството за одговорност и враќањето кон заедница.

Охрид кампот е еднонеделна програма која комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства во областа на кодирање, програмирање и роботика. Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работа во парови/групи). Програмата се фокусира на современи, високо ефективни методи на настава и учење и е испорачана од сертифицирани СТЕМ предавачи.


Kампот, како и претходните години, е под покровителство на Претседателот на државата г-дин Стево Пендаровски, кој и оваа година ќе биде наш домаќин и во убавините на претседателската вила „Билјана„ ќе се доделат сертификатите за учество на Кампот.

Огромна благодарност на нашите повеќе годишни поддржувачи: Американската Амбасада во Северна Македонија, национална установа „Охридско лето„, Алкалоид, Триглав Осигурување, Костал, ИтЛабс, ForestBar, МакПрогрес (Vincinni), Фруктал МАК и индивидуалци од земјава и дијаспората кои ја поддржуваат нашата мисија. Од друга страна, кампот не и бил целосен без нашите програмски партнери, и тоа: Young Engineers (the Robotic & Innovative Academy), МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (Brainster и iSourse), и фестивалот Охридско лето. Само заедно, можеме да направиме значително влијание во зајакнувањето на вештините на младите таленти од социјално ранливи средини, поттикнувањето на иновациите и обликувањето на посветла иднина за Македонија.


Повеќе за програмата и споделените искуства на учесници од изминативе години може да најдете на следниот линк: https://www.macedonia2025.com/ohrid-hi-tech-excellence-camp/.