Breaking News

Македонија2025: новоформираниот Центар за дигитална трансформација нуди меѓународно сертифицирани обуки


Првиот од овој вид Центар за дигитална трансформација „ГоДигитал“, со поддршка од Македонија2025 објави отворен повик за обука и меѓународна сертификација за дигитален експерт за бизнис експерти и консултанти. Сите заинтересирани бизнис експерти и консултанти можат да се пријават за бесплатна обука и сертификација во три области: е-трговија и експерт за социјални медиуми, експерт за дигитална трансформација и ИТ безбедност.


Апликантите треба да исполнуваат одредени административни барања, вклучувајќи најмалку 8 години работно искуство и напредна компјутерска писменост. Предност ќе имаат оние со искуство и сертификати во технологија, иновации и бизнис процеси, како и образование во соодветни области.


Консултантите кои ќе бидат сертифицирани имаат обврска за враќање дел од средствата кон „ГоДигитал“ во форма на консултантски услуги, а компаниите кои ќе предложат консултанти ќе имаат можност за комерцијални ангажмани на проекти во македонски микро, мали и средни компании.

Пријавувањето се врши преку пополнување на форма и доставување на потребните документи на платформата за е-стипендии на следниот ЛИНК. Поканети се сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за првична селекција.