Breaking News

Ликовната колонија Галичник во контекст


Имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник е како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак. Постојаните мешања и меѓу националниот белег, македонската гордост: културата на нашата земја и меѓународниот дух и културата на другите, онаа различната; односот меѓу историјата, природата, фолклорот и традицијата со современата и урбана анемија на постмодерната уметност, ја формираат и дефинираат Ликовната колонија Галичник како специфика не само на национално, туку и пошироко, на регионално ниво. Квалитативниот императив е структурен елемент во систематската формална поставеност на оваа важна манифестација, а потврдата на местото и неговото значење не подразбира имитација и неиновативност. Напротив, стремејќи се кон нешто ново, различно, уникатно и рецентно, тоа е модерна карактеристика што ја следеше менаџерскиот тим на Ликовната колонија Галичник и затоа ја добивме идејата за промена на медиумот на работилницата. Дигиталната уметност или поопшто уметноста на новите медиуми е детерминанта, т.е. уметноста на новото време, новите технички и технолошки придобивки, интернет уметност, компјутерската уметност, дигиталната фотографија и графика, видео инсталациите, виртуелната реалност… сите тие ги надоградија класичните медиуми на штафелајно сликарство, скулптура, цртеж, графика. Со ваквиот пристап Галичката ликовна колонија стана единствена колонија од ваков вид на регионално ниво. Несебичната посветеност и ентузијазам во име на продолжување на долгогодишната културна традиција на селото Галичник и Реканскиот крај и во име на квалитетната нововременска уметност воопшто и секако аспектот на размена на искуства и знаења и човечки ресурси се главните постулати на колонијата.


Овогодинешна тема



Секоја година колонијата има тема, а оваа година фокусот е на Колонизација/Деколонизација на природата, како многу важно прашање во еколошката, политичката и проблемите со доминацијата на Капиталот(во ерата на Капиталоценот) кои се наметнаа како сериозен интерес во областа на современата уметност и нејзините транс-тактики. Зошто е ова важно за глобалниот процес на (еколошка) ментална трансформација кон посвесни општества и нејзината иднина?
Користењето на природните извори без никаква стратегија и план ќе не доведе до неурамнотежена природа и цели еко-системи кои го „паметат нападот“ ќе почнат да ги враќаат ударите во различни форми и облици. Сведоци сме на многу пандемии и ендемии, земјотреси и цунами, пустошење на земјата, области, градови и труења кои доаѓаат од самата земја, како рак рани на почвата. Дали треба да продолжиме со нашата надмоќ над Земјата или да почнеме да ги користиме природните добра со контрола и стратегија?! Дали сме ние колонизатори на природата и дали треба да почнеме да ја деколонизираме од Своето Јас?

Учесници на 34. издание на Ликовната колонија Галичник 2023


 

Аница Вучетиќ – Србија
Јелена Владушиќ – Србија
Калин Серапионов – Бугарија
Пенка Минчева – Бугарија
Ефи Фурики – Грција
Фуруја Такахиса – Јапонија
Ларс ден Хертог – Холандија
Ил Џафери – Косово
Иван Блажев – Северна Македонија
Филип Велковски – Северна Македонија


 

Ајде да разговараме, размислуваме и дејствуваме по ова прашање во рамките на прекрасното село Галичник, Северна Македонија во регионот и пошироко.


 

Интеракција со локалното население:

 

Јавни претставувања на уметниците на 17 и 19 август, во 19.30, амфитеатар, Упија

Работилница со деца: 19 август, 11.30, Упија