Breaking News

Ли: Економското отворање – главен приоритет на Кина


Новиот кинески премиер Ли Чијанг изјави дека задачата во следните пет години е да се имплементираат важните одлуки и планови донесени на 20-от Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина (ККП) и истакна дека во иднина Кина ќе даде приоритет на отворањето, бидејќи е од суштинско значење за унапредување на модернизацијата на Кина и за постигнување на целта на втората стогодишнина.
Ли изрази целосна доверба во перспективите на кинеската економија и ја нагласил важноста на филозофијата за развој насочена кон луѓето. Новиот кинески премиер вети дека ќе ги фокусира напорите за промовирање на висококвалитетен развој.


Ли, исто така, рече дека оваа година Кина дополнително ќе го прошири своето отворање во согласност со меѓународните трговски правила со високи стандарди и ќе ги отвори своите врати пошироко кон светот, со подобро деловно опкружување и услуги.


– Отворањето е основна државна политика на Кина и земјата ќе продолжи да го промовира без оглед на промените во надворешното опкружување, рече Ли. ссм/