ЛЕСС на Општина Битола почна со реализација на проектите


Локалниот економско социјален совет-ЛЕСС на Општина Битола почна со изработка Стратегија за локален економски развој, објави јавен за работно ангажирање на 16 невработени лица за јавни работи, објави повик за универзитетска пракса, повик за подобрување на инфраструктурата во домовите на лицата со попреченост, вклучување на лицата со попреченост во спортски и културни настани, како и организација на Саем за кариера и вработување.


Претседавачот на ЛЕСС Гордана Балтовска, информира дека со изготвувањето на акцискиот план, ЛЕСС продолжува со континуирана работа, преку која успешно се поврзува функционирањето на општината, Советот, работодавците и синдикатите со невладиниот сектор, образовниот сектор, стопанската и занаетчиската комора и останатите релевантни институции во општината кои можат да придонесат за подобрување на условите во општината.


– Во месец април, за првпат ќе се организира Саем за кариера и вработување, како една организирана форма, партнерство и вмрежување помеѓу Универзитетот, општината преку ЛЕСС, невладиниот сектор, Центарот за вработување и Стопанската комора. Ваквата организираност, претставува начин на кој младите ќе можат да се информираат за идните перспективи за професионален развој во делот на образованието, но и можностите за вработување, истакна Балтовска.

Извештај за работата на ЛЕСС и акцискиот план, ќе бидат доставени за разгледување и усвојување од страна на Советот на општина Битола. мт/ир


Фото: Општина Битола