Breaking News

Ковачевски: АД ЕСМ од почетокот на годинава се справува со енергетската криза исклучиво со сопствени средства


Во текот на 2022 година АД ЕСМ доби нешто помалку од 11 милијарди денари од буџетот на државата кои беа наменети за граѓаните и за малите бизниси и се разлика помеѓу производната цена и цената која ни ја даде Владата како обврска да ја даваме кон ЕВН Хоум, ЕВН дистрибуција, МЕПСО,…, а од почетокот на годинава компанијата се справува со енергетската криза исклучиво со сопствени средства, истакна генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.


Во нив, како што кажа, влегуваат првите три месеци од грејната сезона за 2012/2022 година и последните трим месеци од грејната сезона во 2022 година. Од 1 јануари 2023 година до 31 март 2023 година немаат побарано и немаат добиено финансиска поддршка од Владата.


-Доколку компанијата снабдуваше 60 отсто колку што требаше согласно Законот за енергетика, а другото количество на електрична енергија го продававме на отворениот пазар по берзанска цена ќе имавме над 300 милиони евра дополнителен приход, рече Ковачевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Порача дека во првите три месеци од годинава компанијата воопшто нема добиено средства од Владата и работи исклучиво со сопствени средства.


-Од 1 јануари до 31 март имаме нула повлечени буџетски средства од Владата, потенцира Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе ја посети компанијата Еуропеан Плантс (European Plants) во село Прељубиште, Тетово.


Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека Владата има добиено поддршка од ЕУ во вредност од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, но тие се префрлени во Буџетот во ставка за справување со енергетската криза од околу 225 милиони евра, проектирана и изгласана од страна на Собранието.

-Од почетокот на годинава не е направен ни еден трансфер од страна на Буџетот за да им излезе во пресрет или да се влијае на ликвидноста на АД ЕСМ. Тоа е направено заради одличната работа на АД ЕСМ, а не дека не било предвидено. Тие сами се справуваат со енергетската криза од почетокот на годинава што покажува дека Владата и раководството на ЕСМ се грижат за буџетот на граѓаните, рече Бектеши. вј/ац/


Скопје, 6 април 2023 (МИА)