Breaking News

Конференција: Жени во политика-Говор на омраза сенка која обесхрабрува


Во пресрет на започнувањето на караванот „Гласна и храбра“, денеска во хотелот Хилтон ќе се одржи конференцијата насловена „Жени во политика-Говор на омраза сенка која обесхрабрува“.


Конференцијата е составена од три панел дискусии. На првиот најавено е присуство на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, амбасадорот на ОБСЕ во Северна Македонија, Килијан Вал и постојаната координаторка на Обединетите нации Росана Дуџиак.


На вториот панел обраќање ќе имаат министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска.

Во завршниот дел ќе присуствуваат пратенички меѓу кои и Санела Шкријељ и Моника Зајкова. свс/бак/


Скопје, 1 март 2023 (МИА)