Конференција „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“, што ќе се одржи во Скопје во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.


На конференцијата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, обраќање ќе има и Кристофер Хил, амбасадор на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во нашата држава, ќе присуствуваат директорите во земјата на партнерските фондации на Претседателскиот центар за политичко образование, членовите на Програмскиот совет и Алумните на Школата за политики. нд/са/
Скопје, 3 мај 2023 (МИА)