Breaking News

Конференција „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“


Во хотел „Лимак“ денеска ќе се одржи конференција „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“, на која. како што е најавено, ќе бидат присутни генералните директори на царините на земјите од регионот, високи претставници од Владата, Светската Банка, Меѓународната транспортна заедница, ЦЕФТА, ГИЗ.


Царинската управа заедно со Групацијата на Светска Банка е домаќин на генералниот секретар на Светска царинска организација, Кунио Микурија.


Како што најавија од Царинската управа, на настанот воведни обраќања ќе имаат генералниот секретар на СЦО, Кунио Микурија, директорката на Царинска управа, Славица Кутиров, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на Светска банка, Масимилијано Паолучи. см/сп/