Breaking News

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи две седници


Членовите на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржат две седници, 48-та и 50-та седница.


На дневен ред на 48-та седница се Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2021 година и годишните извештаи за работата на повеќе институции за 2021 година, како Агенцијата за администрација, Инспекцискиот совет, Агенцијата за заштита на личните податоци и Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.


Предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема „Примената на законските одредби на Законот за неевединтирани лица од матичната евиденција“ е единствена точка на дневен ред на 50-та седница. мд/са/

2023-01-16 07:13:28, од Магдалена Ристоманов