Breaking News

Кои технолошки остварувања нè чекаат во 2024 година?


Како што поминува времето, се чини дека сè потешко успеваме да одржиме чекор со напредокот на технологијата. Сè се движи толку брзо и како секој ден да гледаме по некој нов изум, нов тип технологија и нови гаџети кои изгледаат како да се дојдени од иднината.


Многумина велат дека 2024 година ќе биде посебна година според многу параметри. Технологијата е само уште една причина за ова тврдење. На пазарот уште сега се најавени производи што ќе донесат револуционерни решенија и ќе го направат нашиот живот полесен, позабавен и повозбудлив.


Во продолжение следува листа на производи што, можеби, сè уште немаат точен датум кога ќе се појават во продавниците, но со сигурност можеме да ги очекуваме в година. Продолжете со читање и погледнете што пристигнува во маркетите на технолошки план.


  1. Нов iPhone 16

Иако новиот iPhone 15 на пазарот се појави пред малку повеќе од два месеца, јавноста веќе шпекулира за тоа што ќе има новата шеснаесетка. Сега веќе „стариот“ модел, iPhone 14, на Ananas се продаваше со попуст од околу 400 евра, што јасно укажува на тоа дека новите верзии драстично се разликуваат од постарите.

Новиот модел на iPhone, според шпекулациите, ќе има ултраширока камера со 48 мегапиксели. Рано е да се знае датумот кога ќе биде објавен, но речиси е сигурно дека ќе биде во втората половина на септември.


Според истите шпекулации, екранот ќе биде зголемен на 6,9 инчи, а многу е веројатно дека сензорот за допир ќе биде исфрлен на сметка на подобрата технологија за препознавање на ликот. Купувачите се надеваат и на пониска цена бидејќи е можно е Apple да направи промени во процесот на изработка на чиповите.


  1. Samsung 24 за љубителите на Android

Вториот гигант во телефонската индустрија е Samsung. Слично како и Apple, ниту Samsung не спие и веќе работи на својот најнов модел, кој ќе биде наследник на последната верзија – Samsung S 23. Секако, новиот модел ќе биде, едноставно, Samsung S 24.

Иако Samsung веќе направи револуција со објавување на моделот „Z“ кој нуди можност за преклопување, легендарната серија „S“ сепак, е во срцата на многу Samsung фанови кои со нетрпение го очекуваат новиот модел.

Според шпекулациите, новиот модел треба да се појави на пазарот веќе во првиот квартал од 2024 година и ќе има поголема и долготрајна батерија. Дополнително, „ултра“ моделите најверојатно ќе имаат и посветол екран, кој се шпекулира дека ќе има и до 2.800nt.

  1. PHOLED ТВ технологија

Телевизорите изминатите 10-15 години доживеаја вистинска револуција. Технологијата и продукцијата на сликата помина низ многубројни промени, па денес можеме да гледаме филмови, документарни филмови и концерти во резолуција што е толку голема што сликата, буквално, изгледа како да е подобра од реалноста.

Најновата технологија, која новите модели на телевизори во 2024 година ќе ја имаат спроведено во себе, се вика PHOLED. Тоа е кратенка од „Phosphorescent Organic Light-Emitting Diodes“ и е нова технологија што ќе овозможи уште подобра слика.

Тоа што реално можеме да го очекуваме со оваа технологија е слика што ќе има уште повеќе „живост“ и разновидни бои, но ќе троши многу помалку енергија за да ги продуцира сликите што ги гледаме.

  1. Уште потенки и полесни модели лаптопи

Доколку работите на биро и компјутер, голема е веројатноста целата лична и професионална документација да се наоѓа во вашиот лаптоп. Со напредокот на информатичката технологија и огромниот број на freelance работни места, сè повеќе луѓе бараат брзи, лесни и моќни лаптопи, кои имаат издржлива батерија.

Лаптопите што се очекуваат во 2024 година ќе им го понудат токму тоа на своите корисници. Се очекува да станат уште потенки благодарение на новата технологија, а со тоа и многу полесни. Секако, моќноста зависи од вградениот хардвер, па за одредена сума, секој ќе може да работи безгрижно во новата година.

  1. Нов смарт часовник – Apple Watch X

Apple држи цена на сите свои производи и паметните часовници не се исклучок. Овие нови и модерни гаџети се на листата посакувани подароци речиси во секое семејство, па доколку барате подарок, погледнете ги овие паметни часовници што се на попуст.

Доколку барате нешто ново и исклучително, тогаш почекајте до следната година кога Apple ќе им го понуди на потрошувачите новиот и гламурозен Apple Watch X. Според шпекулациите, десеттата генерација на смарт часовници на Apple ќе има целосно нов изглед, посветол микро-LED екран и многубројни нови функции и сензори за следење на вашето здравје.

Заклучок

Иако во оваа статија издвоивме конкретни производи или технологии што во 2024 година ќе им бидат понудени на купувачите, пред сè од западните земји, голема е веројатноста дека кај нас ќе се појават на пазарот дури во 2025 година.

Сепак, гледајќи ги трендовите изминатите години и дистрибутерите на технологија што исклучително брзо успеваат да ги увезат најпопуларните нови модели, вреди да се надеваме и да очекуваме дека и ние ќе бидеме дел од светските трендови.