Кои се општините што ги поттикнаа своите граѓани да селектираат: Не се сите општини исти!


Неколку општини во Македонија, како Струмица, Берово, Штип, Кочани, Крива Паланка и Струга дадоа пример за тоа како малите акции може да направат значителна промена во намалувањето на отпадот и зачувувањето на животната средина. И дека со вакви еко иницијативи еколошката свест во Македонија може значајно да се подобри?


Овие општини направија соработка со компанијата Пакомак, и ги поставија револуционерните повратни вендинг машини, обезбедувајќи им на своите жители алтернативен начин на селективно одложување на пластичните шишиња и алуминиумски лименки, а истовремено и можност за освојување зелени поени и награди кои тие ги овозможуваат. Овие општини ги издвојува фактот што од општинскиот буџет издвоија симболични средства за буџетот на општината но големи за заштита на животната средина за да го стимулираат нивното население за користење на вендинг машините со доделувањето на зелените поени.


Што се покажа како успешен концепт за подигнување на еко-свеста во овие општини, и силен придонес кон креирање еко навики во однесувањето на своите граѓани. Ова е пример што треба да го следат сите останати општини во земјава бидејки со овие стимулации се помалку отпад од пакување ќе завршува на депониите со што и ќе се намалат општински трошоци и од друга страна ќе имаме задоволни и едуцирани граѓани кој што ќе се грижат за околината во која што живеат – изјавуваат од општините.

Секој оној кој што сака да ги користи бенефитите од Вендинг машините ќе треба да ја има инсталирано на својот мобилен телефон мобилната апликација со превземање од Play Store или I Tunes и на тој начин може да ги одложи своите алуминиумски лименки и пластични шишиња во машините, заработувајќи вредни зелени поени во процесот.


Вендинг Машините фукционираат на тој начин што може да се добијат зелени поени, а тие поени на жителите им носат разни придобивки во замена за нивното селектирање. На пример за зелени поени во зависност од количината селектиран отпад се добиваат ваучери за пазарување во одредени маркети, ваучери за такси компании, ваучери за јавен превоз и други општински бенефити.
Апликацијата функционира едноставно така што се избира ваучер и се притиска плати/купи.
Оваа иницијатива не само што промовира почиста животна средина, туку и поттикнува активно учество во напорите за намалување на отпадот.

Со прифаќање на повратните вендинг машини на Пакомак општините се вклучија во одржливи практики а со непречената интеграција на технологијата и рециклирањето им дава моќ на граѓаните да имаат позитивно влијание врз животната средина. Со секоја рециклирана лименка или шише, поединците не само што заработуваат зелени поени, туку придонесуваат и за севкупната мисија за создавање посвесно општество.


Се надеваме дека и останатите општини ќе го следат овој светол пример секој може да помогне да се создаде чувство на одговорност и почит кон околината и да ги спознаат граѓаните придобивките од рециклирањето и како тоа помага да имаме чисти општини. Во секоја општина која ќе пројави интерес за ваков тип на соработка Пакомак ќе постави повратни вендинг машини – изјави Ико Брдароски од Пакомак.

Грижата за животната средина и за околината во која живееме е сечија обврска.