Breaking News

Клубот на истражувачите на Народната банка ќе ја одржи 46. сесија


Во Народната банка денеска ќе се одржи 46. сесија на Клубот на истражувачите.


На сесијата ќе бидат презентирани трудовите: „Преговарај за својот удел’: Улогата на преговарачката моќ на работниците за трудовиот удел, со осврт на транзицијата“ од Марјан Петрески и Стефан Таневски, и „Влијанието на кредитирањето врз економската активност во Република Северна Македонија“ од Борче Треновски и Дашмир Саити.


По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.


На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.свс/лв/

Фото: Клуб на истражувачите


Скопје, 30 март 2023 (МИА)