КИЦ Битола денеска промовираше ново електронско списание за култура „Бели хорозонти”


Денеска во просториите на КИЦ Битола во Офицерскиот дом, во присуство на уредничкиот одбор и новинари, беше промовирано ново електронско списание за култура „Бели хорозонти”. Промоторот и воедно и уредник на списанието , директорот на КИЦ Битола, Лили Бошевска пред присутните даде воведно излагање на содржината ,темите и мисијата на списанието „Бели Хоризонти”. Иницијатор и автор на истото е битолскиот ликовен критичар и уметник Владо Ѓоревски, кој е воедно и креатор на графичкиот формат на списанието . Во понатамошното излагање проф. Александар Стерјовски, член а редакцискиот совет, меѓу другото рече”: „Природно е што се појави ова списание, чие што име соодвестува со установата Културен и информативен центар Битола. Во редакцискиот совет се и членовите Владо Ѓоревски и Драган Ристевски.
Во понатамошната промоција, уредникот и членовите на редакцискиот одбор ја промовираа идејата, концептот и мисијата на списанието, кое како се наведе ќе биде отворено за млади и нови автори и идеи.


Во овој број се застапени теми како: .100 ГОДИНИ ОД УЛИС- ЏЕМС ЏОЈС Аурел Шмит „Средба”, . Хорхе Луис Борхес „Довикување на Џојс”, Џојсовиот Улис низ очите на Владимир Набоков, Портрет – ВЛАДИМИР КОСТОВ, Зоран Анчевски-Поезија, . Кратка проза- Едвард Лу „Доплер”, Зоран Пејковски-Поезија, Извадок од романот „ОПРАВДАНИЕ НА ОСТРОВОТ” од Евгениј Водолазкин, Кирил Македонски: „Гоце”– првата македонска опера, 1954 и др. Новото електронско списание за култура ќе биде тромесечник и претставува нов исчекор на младата установа за култура КИЦ Битола во актуелизирање на културата како општествена тема и промовирање на нови автори и идеи и погледи.