Кист-Батлер именувана за прва жена директор на британскиот Владин штаб за комуникации


Британската Влада денеска ја именуваше Ен Кист-Батлер за прва жена директор на разузнавачката агенција во Владиниот штаб за комуникации (GCHQ).


– Ен Кист-Батлер има импресивно резултати во срцето на националната безбедносна мрежа на Велика Британија, помага во спротивставувањето на заканите од терористите, кибер криминалците и злонамерните странски сили, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, кој ја назначи Батлер.


Тој додаде дека „Ен ќе го искористи своето огромно искуство за да помогне британската јавност да биде безбедна“.

Владиниот штаб за комуникации е разузнавачка и безбедносна служба одговорна за пружање и обезбедување електронски разузнавачки информации за Владата и вооружените сили на Обединетото Кралство. Седиштето е во така наречената „Крофна“ во предградието на Челтенхем од 1952 година. Штабот одговара пред државниот секретар за надворешни работи и Комонвелт, но не е дел од Форин Офисот, додека директор е на ранг на постојан секретар. ми/


фото: Википедија

Лондон, 11 април 2023 (МИА)