Breaking News

Карамбол здравство, систем и Aрмагедон


За се е крив системот кој е поставен по принцип на политичко влијание, непотизам, корупција, криминал и несоодветност на кадрите. Македонија уште долго ќе биде заложник на тој феномен, а покрај останатото ќе биде жртва здравството. Онаму каде што е жртва здравството, крајниот корисник е најголемата жртва. Народот


Од Агим ЈОНУЗ


Не знам зошто ми текнува една реченица која ја имам чуено како дете и уште ми звони во ушите. Еден пријател на татко ми ја изусти. Вели, ‘‘ да не беа Косоварите‘‘, ни еден доктор куќа немаше да има. Што сакаше да каже не знам, ама знам дека сите доктори направија куќа, освен оние ‘‘ со крстот на чело‘‘. Тоа беше друго време, време во кое овака или онака имаше некој општествен морал и кодекс. Но! Имаше и здрава полиција. Како и да е, докторите одсекогаш знаеле да се наместат онака ‘‘спасителски‘‘ кога е живот во прашање а на операција треба да се чека. Тоа до ден денес останало исто по се изгледа. Зошто? А што мислите зошто! За пари, сигурно не за канта сирење. За да не бидам земен несериозно, ајде да ја анализираме реченицата ‘‘ да не беа косоварите, ни еден доктор немаше куќа да направи‘‘! Однапред се извинувам за ова ‘‘косовари‘‘, тие воопшто не се предмет на дискусија во текстов. Тие се само земени онака архаично како пример од некое време во кое од Косово сериозно доаѓаа пациенти во Скопје како во најблизок а комплетен клинички центар во кое имаше плејада на познати лекари, хирурзи и персонал. А, се што не можеше да се реши со ‘‘lege artis”, се решаваше со “pari artis”! И, тука имаше за секого ‘‘куча‘‘! Кој ке забележи дека бладам или дека измислувам, инсинуирам,… не е чесен. Лекарската фела никогаш во Македонија не била ниту доволно, ниту квалитетно вреднувана. Во претходниот систем во кое постоеше само клиничкиот центар и една ‘‘Војна Болница‘‘, секој својата материјална сатисфакција за она што го работи си го организираше на свој начин. Секако, сите беа ‘‘Virgo intacta “ , но кога би знаеле ( поточно посведочиле) ‘‘поштарите‘‘ ( читај најчесто болничарите и ситниот персонал), приказната не би знаела да ја напише и измисли ниту Сидни Шелдон, писателката на крими сценаријата. Тука не зборуваме за ‘‘бомбоњери и виски‘‘ како мала благодарност и внимание, туку конкретно за – пари, брате, пари! У тоа време беа ‘‘маркичи‘‘! Има голема разлика со денешното време. Сега не е време на ‘‘марки‘‘! Сега се Евра. Разликата е таа, а се останато – исто. Нејсе.

За целиот текст на КОХА