Breaking News

Какви докази презентира обвинителството во случајот Жан Митрев?


На последното рочиште јавната обвнителка Искра Хаџи Василева која во име на обвинителството го гони Жан Митрев и неговата клиника вршеше натамошна презентација на писмени докази со груба повреда на непосредноста на изведувањето на доказите донесувајќи се спротивно на наредбата на Судот од претходното рочиште дека сите докази треба да се читаат на рочиштето заради запазување на начелото на непосредност и почитување на Законот за кривичната постапка – член 392 став 4, пишува порталот Експрес.


На последното рочиште тоа не беше сторено туку јавноста присуствуваше на “читање” на докази кои што беа скриени во картонски класери и никој во судницата не виде што во тие класери има, дури и презентацијата започна и физички да ги нема класерите со документи, но на приговор на одбраната беа донесени но останаа неотворени, а беше наведено дека се презентираат документите кои наводно се внатре.


При презентацијата на Одобрението на производителот на филтри за хемофилтрација зборот за итна употреба (emergency use) беше погрешно преведен како вонредна употреба што суштински ја менува смислата на самиот документ.

Обвинителката предложи емитување на снимка, која наводно била емитувана во јуни 2020 година на ТВ Канал 5 (во време на пандемијата), но се покажа дека тоа е снимка која е емитувана две години подоцна на сосема друг медиум и тоа надвор од периодот на кој се однесува обвинението. По приговорот на одбраната, обвинителката рече дека се работи за технички грешки во листата на докази.


За целиот текст ТУКА