Breaking News

Како на природен начин да го прочистите црниот дроб?


Не е тајна дека македонците сакаат да уживаа во добрата храна. Макар таа да биде помрсна, па да се напијат ракија, да се препуштат на моментот. За жал често и претеруваат со гурманските задоволства и алкохолот, па страда црниот дроб од замастеност, се покачува нивото на холесторол, а се јавуваат и други потешкотии како последица на замастениот црн дроб. Најчестите симптоми, доколку се појават, се чувство на замор и непријатност како и одредени болки во погорниот десен дел на стомакот. Зголемена телесна тежина и гојазност, високи вредности на глукоза во крвта, предијабет и дијабетес тип 2, високо ниво на триглицериди и холестерол во крвта. Замастувањето може да биде алкохолно или неалкохолно. Според неофицијални податоци речиси една третина од македонците имаат развиено замастување на црниот дроб. Не сме свесни дека црниот дроб е вториот најголем орган во телото и орган коj извршува над 500 значајни функции. Меѓу многуте функции, тој ги обработува хранливите материи од храната и пијалаците и ги филтрира потенцијално токсичните супстанции од крвта кои сме ги внеле преку храната или на друг начин. Замастен црн дроб – не треба да се игнорира и што да се направи? Производот со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството при заштита на црниот дроб е белиот трн. Наречен е и млечен трн и ова растение се користи за медицински цели повеќе од 2.000 години. Потекнува од медитеранскиот регион и сега е распространето насекаде во светот. Покрај тоа што може да го користат здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб, семето е препорачано и за лица со:  зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови, замастен црн дроб, инфективни и неинфективни хепатитиси, при труење со храна и при хиперхолестеринемија. 100% органско семе од бел трн произвeдува македонскaта компанија Хемера, чија основна цел е подобрување на здравјето на луѓето користејќи ја огромната моќ на природата. Белиот трн, што расте во Македонија, има долга историја на медицинска употреба со години наназад, и претстваува докажан потенцијал за поддршка на дигестивниот систем, подобрување на метаболизмот на гликозата и заштита од хронични болести. Секако за да на долг рок се стабилизира состојбата со црниот дроб потребно е ограничување или целосно исклучување на алкохолот, намалување на телесната тежина, консумирање нискокалорична храна без заситени и транс маснотии и редовна физичка активност. Повеќе инфо на https://hemera.mk/