Breaking News

Како до интернационално искуство преку работа од Македонија?


Нашето поднебје е дом на многу перспективни луѓе кои поседуваат знаење и желба да работат глобално, со интернационални проекти и големи клиенти. За младите луѓе, работата за глобални клиенти е многу атрактивна опција поради тоа што им дава можност да уживаат во финанските придобивки на странските работодавци, а да живеат и работат во својата земја. Македонската компанија Пантелеон ГС го спојува амбициозниот кадар со потребите на нивните клиенти и отвора нови можности за домашниот пазар на труд.


Пантелеон ГС е домашна компанија која нуди аутсорсинг на софтверски, консултантски и IT услуги на странски клиенти од американскиот пазар. Компанијата е специјализирана и во креирање на успешни стратегии за менаџирање на ризик, како и во изготвувањето на комплетни оперативни решенија за своите клиенти.


Дел од стратегијата на Пантелеон ГС е да прерасне во аутсорсинг лидер на Балканот, но и регионален и глобален talent hub за млади, амбициозни и способни луѓе кои сакаат да го употребат своето знаење за да изградат кариера работејќи со американскиот пазар. Како дел од оваа стратегија, Пантелеон ГС има своја канцеларија и во Белград, Србија, која по минатогодишното основање, успешно работи и полека го зголемува тимот. Компанијата им овозможува на младите да работат на предизвикувачки проекти со интернационални клиенти, и преку тоа да стекнат непроценливо искуство и да се развијат во висококвалификувани и ценети професионалци. На тој начин, не само што ќе го задржи квалитетниот кадар во регионот, туку и ќе придонесе кон зголемување на домашната експертиза и зајакнување на економијата.

Како домашна компанија, Пантелеон ГС е постојано активна во заедницата преку поддршка на општествено одговорни и добротворни проекти. Компанијата е донатор РК Вардар 1961 и ФК Вардар, заедно со Меѓународното училиште НОВА го поддржа целокупното основно образованието на Македон Димитровски, неверојатно надарениот 9-годишен ученик од Тетово, во минатото поддржувач на „Проект Среќа“, проектот Македонисимо на Симон Трпчевски итн.


Сепак, главен фокус на компанијата се нејзините вработени. Пантелеон ГС се придржува до мотото „Нашите луѓе се нашиот бренд“, кое ја потенцира заложбата на компанијата да биде место каде што вработените ќе бидат задоволни, успешни, ќе имаат можности за напредок и ќе уживаат во работата. Ако сето ова ви звучи возбудливо, тогаш кликнете ТУКА и дознајте повеќе за Пантелеон ГС и за позициите кои таа ги нуди: https://panteleongs.mk/career/.