Јужна Кореја го најави првото лансирање на комерцијален сателит на домашна ракета


Јужна Кореја планира да го лансира својот прв комерцијален сателит на домашно произведена ракета следниот месец како дел од нејзината програма за развој на вселената, изјавија денеска официјални лица.


Јужнокорејските власти велат дека нивната домашна вселенска ракета Нури нема воена намена.


Некои експерти, сепак, наведуваат дека развојот на такви ракети на крајот ќе и помогне на земјата да ги стекне технологиите потребни за изградба на поголеми ракети и лансирање на извидувачки сателити во услови на непријателства со ривалската Северна Кореја.

Во јуни минатата година, Јужна Кореја го изведе првото лансирање на сателит користејќи ракета Нури.


Тоа лансирање го вклучи она што јужнокорејските власти го нарекоа сателит за „верификација на перформансите“, дизајниран главно за тестирање на способноста на ракетата, додека првото комерцијално лансирање на сателит треба да се изврши следниот месец.

Министерството за наука соопшти дека ракетата ќе биде лансирана од Центарот за вселенско лансирање на 24 мај. паг/


Фото: ЕПА

Сеул, 11 април 2023 (МИА)