Breaking News

Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево со промена во начинот на издавање книги


Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево започна со нов начин на издавање на книги. Како што информираше директорката на установата Биљана Петровска, од денеска бараните наслови ќе можат да се подигнат од посебно изработениот пулт за таа намена.


-Сакаме да ги информираме читателите дека од денеска нема да можат како до сега да влегуваат во примоиздавачкото одделение, туку тоа ќе можат да го сторат на новиот пулт кој се наоѓа на самиот влез во библиотеката. Читателите можеби ќе немаат директен контакт со книгите, но ќе можат да ја користат нашата аликација на нивниот мобилен телефон и да видат дали некој наслов го имаме или немаме, рече Петровска.


На овој начин како што додаде функционираат скоро сите библиотеки во државата, а ова е нешто што на делчевската библиотека и недостигало.

-Ова е за прв пат да издаваме книги на овој начин. Библиотекарите секако секогаш ќе бидат тука да им понудат што е ново и инересно и да им помогнат во изборот на секаков вид на литература, додаде Петровска.


Од библиотеката напоменаа дека располагаат со се што е ново од областа на литературата, потенцирајки дека од почетокот на годината бележат зголемен бројот нови читатели. вс/сст/

Делчево, 6 февруари 2023 (МИА)